Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 19:12-16

Излез 19:12-16 MK2006

а ќе поставиш граници за сиот на­род од сите страни и ќе им кажеш: ‚Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножјето неј­зино; секој, кој ќе се допре до планината, ќе загине. Никаква рака да не се допре до него, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан; добиток ќе е или човек, жив да не остане. А кога трубата ќе затруби отегнато, тогаш ќе можат да се качат на планината.‘“ И Мојсеј слезе од планината кај народот и го освети народот; и тие ги испраа облеките свои. И му рече на народот: „Бидете го­то­ви за третиот ден; и не приближувај­те се до жена!“ А третиот ден, на осамнување, за­грме и молњи засветкаа, и настана густ облак над планината, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ, кој беше во логорот.