Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 19:1-7

Излез 19:1-7 MK2006

Во првиот ден од третиот месец, откако излегоа синовите израелски од египетската земја, во ден на мла­да месечина, стигнаа во Синајската Пустина. Поаѓајќи од Рефидим, дојдоа во Си­нај­ската Пустина, и се улогори Израел таму спроти гората. И Мојсеј се искачи кај Бога, и му се јави Господ, велејќи: „Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите на Израел: ‚Сами видовте што им направив на Египќаните и како ве изнесов на крилја орлови, ве прибрав кај Себе. Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја. И вие ќе Ми бидете царство на свеш­теници и свет народ.‘ Тоа се збо­ровите, што ќе им ги кажеш на си­новите израелски.“ Потоа Мојсеј дојде и ги повика на­родните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ.