Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 18:1-27

Излез 18:1-27 MK2006

А Јотор, свештеникот мидјан­ски, тестот Мојсеев, чу за сѐ што направи Бог за Мојсеј и за Израел, на­родот Свој, како го изведе Господ народот израелски од Египет. И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Ци­пора, жената Мојсеева, која пред тоа се беше вратила, и двата сина нејзини: на едниот името му беше Герешом, бидејќи Мојсеј велеше: „Доселеник сум во туѓа земја“, а на вториот името му беше Елиезер, бидејќи рече: „Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од мечот на фараонот.“ И Јотор, тестот Мојсеев, дојде со синовите негови и со жената негова кај Мојсеј во пустината, каде што тој се беше улогорил на планината Божја, па го извести Мојсеј, велејќи: „Ете, јас, тестот твој Јотор, доаѓам кај тебе, и жената твоја, и обата сина нејзини со неа.“ И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го бакна; па откако се поздравија еден со друг, влегоа во шаторот. И му раскажа Мојсеј на тестот свој за сѐ што направи Господ со фараонот и со Египќаните поради Израелците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави. И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израел, спасувајќи го од рацете на Египќаните. Тогаш Јотор рече: „Нека е бла­го­словен Господ, Кој ве избави од рацете египетски и од рацете фараонови и Кој го избави народот од власта на Егип­ќаните! Сега знам дека Господ е поголем од сите богови, бидејќи го избави народот од египетското ропство, кога тие пос­тапуваа многу сурово со него.“ Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и други жртви. Тогаш дојде и Арон, и сите ста­ре­шини израелски да јадат леб со тестот Мојсеев пред Бога. А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеј од утрото до вечерта. И тестот Мојсеев, гледајќи сѐ што тој прави со народот, рече: „Што пра­виш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои пред тебе од утро до вечер?“ А Мојсеј му одговори на тестот свој: „Народот доаѓа кај мене за да бара совет од Бога. Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив и им ги кажувам наредбите Божји и законот Негов.“ Но тестот Мојсеев му рече: „Не го правиш тоа добро. Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; бидејќи таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш. Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога: Учи ги на наредбите Божји и на законот Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат. А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои имаат страхопочит кон Бога; луѓе справедливи, кои мразат користољубие, па постави ги над нив како ил­јадници, стотници, педесетници, и десетари. Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат. Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да ис­траеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.“ И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи сѐ, како што му рече. И избра Мојсеј од сиот Израел спо­собни луѓе, па ги постави за началници пред народот: илјадници, стотници, пе­десетници и десетари. И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките дела му кажуваа на Мојсеј; за сите мали работи, пак, судеа сами. Потоа го пушти Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во својата земја.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Излез 18:1-27

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност