Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 14:8-12

Излез 14:8-12 MK2006

А Господ направи, та се ожесточи срцето на фараонот, царот египетски, и тргна во потера по синовите израелски; но синовите на Израел врвеа под силна рака. И се впуштија по нив Египќаните, и сите коњи фараонови со колите, и коњаниците и сета војска негова, и ги најдоа крај морето, во близина на Пи-Хахирот, спроти Ваал-Цефон. А кога наближи фараонот, се обѕрнаа синовите израелски, и што ќе видат: ете, Египќаните идат по нив! И синовите израелски се уплашија многу, па извикаа кон Господ, и му рекоа на Мојсеј: „Зар немаше гробови во Египет, туку нѐ изведе овде да изгинеме во пустината? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет? Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави нѐ, да им служиме на Египќаните?‘ Зашто подобро ќе ни беше да им робуваме на Египќаните, отколку да изгинеме во пустинава.“