А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од огнениот столб и од облакот и ја доведе во забуна војската египетска, па им ги врза тркалата на колите нивни, та одвај ги влечеа. Тогаш Египќаните рекоа: „Да бегаме од Израелците, зашто Господ се бори за нив против Египќаните!“ Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египќаните, врз колите нивни и врз коњаниците нивни.“ И Мојсеј ја испружи раката своја над морето, и пред зори водата пак се поврати на своето место, а Египќаните тргнаа да бегаат наспроти водата; и Господ ги потопи Египќаните среде море. Кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска фараонова, што беше тргнала по нив во морето; и не остана ниеден од нив. Синовите, пак, израелски минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна. И ги избави Господ Израелците во тој ден од рацете на Египќаните. И ги видоа синовите израелски Египќаните што изумреа на морскиот брег.
Прочитај Излез 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 14:24-30
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа