Му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу синовите израелски: и од луѓето, и од добитокот. Тие Мене ми припаѓаат!“ И Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас. Денес излегувате, во месецот авив. Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде – земјата во која тече мед и млеко – тогаш служи ја оваа служба во овој месец! Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов. Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви. И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го направи Господ, кога излегував од Египет! И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет. Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време!
Прочитај Излез 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 13:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа