А вака јадете го: опашани околу половината, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова. Зашто ќе поминам низ земјата египетска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата египетска, од човек до добиток, и ќе им се одмаздам на сите египетски богови, зашто Јас сум Господ. А крвта ќе ви биде знак на куќите, во кои ќе бидете: и кога ќе видам крв, ќе ве одминам, па нема да има меѓу вас помор, кога ќе ја казнам египетската земја. И тој ден ќе ви биде ден на сеќавање и празнувајте го тој празник, посветен на Господ; празнувајте го од колено на колено; како трајна уредба.
Прочитај Излез 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 12:11-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа