Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 12:1-14

Излез 12:1-14 MK2006

И Господ им рече на Мојсеј и на Арон во земјата египетска, ве­лејќи: „Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец меѓу месеците во годината. Кажете му на целиот собор на синовите израелски: ‚На десеттиот ден од овој месец, секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на семејство. Ако се помалку во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колку што треба, за да можат да го изедат јагнето. А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите. И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот со­бор израелски нека го заколе, во приквечерина. И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и горните прагови на куќата, во која ќе го јадат. И нека јадат месо истата ноќ, на оган печено, со пресен леб и со гор­чливи тревки, нека го јадат. Немојте да јадете од него сурово, ниту во вода варено, туку само на оган печено: со главата, со нозете и со внатрешнината. И ништо од него немојте да оставате до утрината; ако, пак, нешто од него остане до утрината, изгорете го на оган. А вака јадете го: опашани околу половината, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова. Зашто ќе поминам низ земјата еги­петска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата египетска, од човек до добиток, и ќе им се одмаздам на сите египетски богови, зашто Јас сум Господ. А крвта ќе ви биде знак на куќите, во кои ќе бидете: и кога ќе видам крв, ќе ве одминам, па нема да има меѓу вас помор, кога ќе ја казнам египетската земја. И тој ден ќе ви биде ден на сеќа­вање и празнувајте го тој празник, пос­ветен на Господ; празнувајте го од колено на колено; како трајна уредба.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност