Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 1:8-22

Излез 1:8-22 MK2006

Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосиф, и му рече на својот народ: „Еве, на­родот на синовите израелски е мно­гу­бро­ен и посилен од нас. Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да си отидат од нашата земја.“ И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со тешка работа. И тие му ги изградија на фараонот Питом и Рамзес, градови – складишта. Но, колку повеќе ги мачеа, толку повеќе се множеа и се засилуваа така што Египќаните започнаа да се плашат од синовите на Израел. Затоа Египќаните ги угнетуваа синовите на Израел со жестокост, и им го загорчуваа животот со теш­ки работи со кал и со правење тули, и со разни полски работи, и со секаква друга работа, ги измачуваа немилосрдно. Освен тоа, царот египетски им за­поведа на еврејските бабици, од кои на едната ѝ беше името Шифра, а на другата Пуа; и им рече: „Кога ќе бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, нека живее!“ Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда еги­петскиот цар, туку ги оставаа машките деца живи. А египетскиот цар ги повика ба­биците и им рече: „Зошто правите така и ги оставате машките деца во живот?“ А бабиците му одговорија на фа­раонот: „Еврејките не се како еги­пет­ските жени: зашто тие се јаки и пред да дојде бабицата, веќе родиле.“ Бог беше добар кон бабиците и народот се множеше и многу се засилуваше. И бидејќи бабиците се плашеа од Бога, Бог ги умножи нивните семејства. Тогаш фараонот му заповеда на целиот свој народ, велејќи: „Секое маш­ко кое ќе се роди кај Евреите, фрлајте го в река: само женските деца оставајте ги во живот.“