Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 9:16-19

Естира 9:16-19 MK2006

И другите Јудејци, кои се наоѓаа во царските области, се собраа да го заштитуваат својот живот и својот мир од нивните непријатели, па убија од непријателите седумдесет и пет илјади, но за грабеж рака не пуштија. Тоа стана на тринаесеттиот ден од месец адар, и на четиринаесеттиот ден од тој месец тие се успокоија и напра­вија ден за гозби и веселби. А Јудејците што беа во Суза, се собраа на тринаесеттиот ден и на четиринаесеттиот ден, а на петнаесеттиот ден се успокоија и го направија ден за гозби и веселби. Затоа Јудејците селани што жи­вееја во неутврдени села, го поминуваат четиринаесеттиот ден на месец адар во веселби и гоштевки, како празник, и за­емно си испраќаат пода­роци; а оние што живеат во утврдените градови, го поминуваат и петнаесеттиот ден на адар во добра веселба и им испраќаат подароци на блис­ките.