Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 9:1-10

Естира 9:1-10 MK2006

Во дванаесеттиот месец, во месецот адар, на тринаесеттиот ден, кога дојде време да се исполни заповедта на царот и на неговата повелба, во тој ден, кога непријателите на Јудеј­ците, се надеваа дека ќе ја земат власта над нив, Јудејците ја зедоа власта над своите непријатели; се собраа Јудејците во градовите свои по сите области на царот Ксеркс, да ставаат рака врз своите непријатели, и никој не можеше да истрае пред лицето нивно, затоа што стравот од нив ги беше опфатил сите народи. И сите кнезови по областите и са­трапите и обласните намесници и извр­шители на царските дела ги помагаа Јудејците, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеј. Зашто Мардохеј беше силен во царскиот дом, и славата негова се пренесуваше по сите области, бидејќи тој човек, Мардохеј, се издигаше сѐ повеќе и повеќе. Јудејците ги погубуваа сите свои не­пријатели, убивајќи ги со меч, ги умртвуваа и ги истребуваа; и постапуваа со непријателите свои по своја волја. Во престолнината Суза убија и истребија петстотини души; Паршандата, Далфон, Аспата, Пората, Адалија, Аридата, Пармашта, Арисај, Аридај и Вајизата – десетте синови на Амадатовиот син Аман, непријател на Јудејците, ги убија, но за грабеж рака не подадоа.