Кога Мардохеј дозна за сѐ што се правеше, ја раскина облеката, стави врз себе вреќиште и пепел, излезе среде градот и викаше силно и со огорченост: „Се истребува народ во ништо необвинет.“ И дојде до царската порта и запре, бидејќи не можеше да влезе со вреќиште и со пепел. Исто така и во секоја област и место, каде и да пристигнеше заповедта на царот и повелбата негова, настануваше голема тага кај Јудејците и пост и плачење и викање; вреќиштата и пепелта им служеа како постела на мнозина. Дојдоа слугинките и дворјаните на Естира и ѝ раскажаа сѐ; царицата силно се возбуди. Таа испрати облека да го преоблечат Мардохеј и да го симне од себе вреќиштето. Но тој не ги прими.
Прочитај Естира 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Естира 4:1-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа