Потоа царот Ксеркс го возвеличи Вугеецот Аман, син Амадатов, го воздигна и го постави престолот негов погоре од престолите на сите свои кнезови; и сите слуги на царот, кај царската порта се поклонуваа и паѓаа ничкум пред Аман, бидејќи така беше заповедал царот. Но Мардохеј не му се поклонуваше и не паѓаше на колена. И му говореа на Мардохеј царските слуги кај царската порта: „Зошто ја кршиш царевата заповед?“ Но иако му говореа така секој ден, тој сепак не ги слушаше. Тогаш му јавија на Аман, да видат ќе остане ли на зборот свој Мардохеј, бидејќи им беше рекол дека е Јудеец. Откако виде Аман дека Мардохеј не се поклонува и не паѓа ничкум пред него, се исполни со гнев. Но тој помисли дека не е добро да става рака само на Мардохеј; но бидејќи му рекоа, од кој народ е Мардохеј, Аман намисли да ги истреби сите Јудејци во целото Ксерксово царство, како народ на Мардохеј.
Прочитај Естира 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Естира 3:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа