Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 2:5-11

Естира 2:5-11 MK2006

Имаше во престолнината Суза еден Јудеец, по име Мардохеј, син на Јаир, син на Семеј, син на Кис, од Венија­миновото племе. Тој беше преселен од Ерусалим со плениците, протерани заедно со јудеј­скиот цар Јехонија, што го беше преселил вавилонскиот цар Навуходо­носор. Тој ја воспитуваше Хадаса – односно Естира – ќерка на чичко му, бидеј­ќи таа немаше ни татко, ни мајка. Таа девојка имаше тенка става и убаво лице, а по смртта на татко ѝ, Мар­дохеј ја прибра кај себе како своја ќерка. Кога беше објавена заповедта на царот и указот негов, и откога беа собрани многу девојки во престолнината Суза под надзор на Хегај, тогаш беше земена и Естира во царскиот дом под надзор на Хегај, чуварот на жените. Таа девојка му се допадна и ја придоби неговата наклоност, и тој побрза да ѝ даде масла и сѐ што ѝ припаѓа, и да ѝ определи седум достојни девојки да бидат покрај неа, во царскиот дом, па ја премести неа и девојките нејзини во најубавото одделение на жен­скиот дом. Естира не го кажуваше ни народот свој, ни потеклото свое, бидејќи Мардо­хеј ѝ беше заповедал да не кажува. И секој ден Мардохеј доаѓаше во дворот на женскиот дом за да дознае за здравјето на Естира и што станува со неа.