Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 2:19-23

Естира 2:19-23 MK2006

И кога вториот пат беа собрани девојките, и Мардохеј седеше кај цар­ската врата, Естира сѐ уште не говореше за своето потекло и за народот свој, спо­ред она како што ѝ беше запо­ведал Мардохеј; и зборот на Мардохеј го ис­полнуваше и сега така, како и кога беше кај него на воспитување. Во тоа време, кога Мардохеј седеше пред царската порта, двајцата царски дворјани Бигетан и Тереш, кои го чуваа прагот, се озлобија поради тоа што бе­ше претпочитан Мардохеј, па размислуваа како да стават рака врз царот Ксеркс. Кога дозна за тоа, Мардохеј ѝ соопшти на царицата Естира, а Естира му кажа на царот од името на Мардохеј. Работата беше испитана и се утврди дека е тоа вистина, и тие двајцата беа обесени на дрво. И тоа се запиша во книгата на царскиот летопис.