Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 1:15-20

Естира 1:15-20 MK2006

„Како да постапиме според за­конот со царицата Астина, поради тоа што не го исполни зборот на царот Ксеркс, соопштен преку дворјаните.“ Тогаш рече Мемухан пред лицето на царот и на кнезовите: „Не само пред царот е виновна царицата Астина, туку и пред сите кнезови и началници цар­ски; зашто постапките на царицата ќе ги дознаат сите жени и ќе почнат да ги запоставуваат мажите свои и да говорат: ‚царот Ксеркс заповедал да ја доведат пред него царицата Асти­на, но таа не отишла.‘ Сега персиските и мидиските кне­гињи, кои ќе чујат за постапката на царицата, ќе им го кажат тоа на сите царски кнезови; и ќе има горделивост, а и големи караници. Ако му е на царот угодно, нека издаде царска заповед што ќе се запише во персиските и мидиските закони и да не се менува: дека Астина нема да излегува веќе пред лицето на царот Ксеркс, а нејзиното царско достоинство царот да го предаде на друга, подобра од неа. Кога ќе чујат за таа царска заповед, која ќе се разнесе по целото негово царство, колку и да е големо, сите жени ќе ги почитуваат мажите свои, од најголем до најмал.“