Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 6:10-20

Ефесјаните 6:10-20 MK2006

Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лу­кавство; зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните упра­вители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во ок­ло­пот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете си­те вжештени стрели на лукавиот; земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо! Со секаква молитва и молба во се­која пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрај­ност и молитва за сите светии, и за мене, та, кога ќе ја отворам ус­тата да ми се даде слободно да ја со­оп­штувам тајната на Евангелието, поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 6:10-20

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност