Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 5:1-11

Ефесјаните 5:1-11 MK2006

И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени, и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис. А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, ниту, пак, срамни и будалести збо­рови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност. Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог. Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа гневот Бож­ји врз синовите на непокорноста; затоа, не станувајте нивни соучесници. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината! Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито – одлучете се за она што Му е мило на Бога! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 5:1-11

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност