А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ. И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота, та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.
Прочитај Ефесјаните 4
Слушни за Ефесјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 4:9-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа