Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. Еден Господ, една вера и едно крштение, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов. Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“ А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ. И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело
Прочитај Ефесјаните 4
Слушни за Ефесјаните 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 4:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа