Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 9:11-18

Проповедник 9:11-18 MK2006

И пак видов на земјата дека на бр­зите не им се дава победа, ниту на храб­рите – битката, ниту на мудрите – леб, ниту на разумните – богатство, ниту на искусните – благонаклоност, но времето и приликите им се слу­чуваат на сите нив. Зашто човек не знае кога ќе го снај­де несреќа. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што пти­ците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во теш­ко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив. Еве уште каква мудрост видов на земјата, и таа ми се причини голема: мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го оп­коли и почна околу него да издига големи опсадни направи; но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спа­си тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав. И јас си реков: мудроста е по­добра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и збо­ровите негови не се слушаат. Зборовите на мудрите, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, от­колку викањето на кнез меѓу глупаци. Мудроста е подобра од воено ору­ж­је; но еден грешник расипува многу добри работи.