Има и таква суета на земјата: праведните ги постигнува она, што би ги заслужиле делата на безбожниците, а со безбожните станува она, што би го заслужиле делата на праведните. А јас си реков: и тоа е суета! И ја пофалив јас веселбата; зашто нема подобро за човекот на земјата од тоа да јаде, да пие и да се весели; тоа го придружува човекот во трудовите негови преку дните на животот негов, што му го дал Бог на земјата. Кога го насочив срцето свое кон тоа, да постигнам мудрост и да ги разгледам работите, што се вршат на земјата, и поради кои на човекот не му доаѓа сон ни дење ни ноќе, – тогаш ги видов сите дела Божји и разбрав дека човекот не може да ги сфати работите, што се вршат на земјата. Колку и да се труди човекот да ги проучува, пак нема да го постигне тоа. Дури и мудрец тоа не може да го открие, иако мисли дека знае.
Прочитај Проповедник 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 8:14-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа