Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 8:1-15

Проповедник 8:1-15 MK2006

Кој е како мудриот, и кој го разбира значењето на работите? Муд­роста на човек му го просветлува лицето негово, и строгоста на лицето негово се изменува. Јас (велам): пази го царскиот збор, и тоа – поради клетвата пред Бога. Не брзај да бегаш од лицето негово и не биди тврдоглав во лошите работи; зашто, тој што ќе посака, сѐ може да направи. Каде што е зборот на царот, таму е и власта; и кој ќе му каже: „Што пра­виш?“ Кој пази заповед, тој не доживува никакво зло: срцето на мудриот знае и време и наредба; зашто за секоја работа има свое вре­ме и свој суд; а за човекот е голема несреќа, што не знае, што ќе биде и како ќе биде тоа; а кој ќе му каже? Ниеден човек нема власт над духот, за да го задржи духот, и нема власт над смртниот ден – нема избавување од таа работа; ниту безбожникот ќе го спасат неговите лоши дела. Сето тоа го видов, и го свртувам срцето свое кон секоја работа, што се врши на земјата. Понекогаш човекот господари над човек на своја штета. Видов тогаш како погребуваат без­божни; од нив беше преполн хра­мот. Во Ерусалим го беа заборавиле нивното безбожно однесување. И тоа е суета! Бидејќи не се врши суд над лоши­те работи, затоа не се плаши срцето на си­новите човечки да прави зло. Иако некој грешник врши сто­пати зло, судот му се одолжува; но јас знам дека ќе им биде добро само на оние, што имаат страв од Бога, кои со почит стојат пред лицето Негово; а за безбожниот нема да има доб­ро, и како сенка, само кратко време, ќе преуспее оној, кој не се плаши пред Бога. Има и таква суета на земјата: праведните ги постигнува она, што би ги заслужиле делата на безбожници­те, а со безбожните станува она, што би го заслужиле делата на праведните. А јас си реков: и тоа е суета! И ја пофалив јас веселбата; зашто нема подобро за човекот на земјата од тоа да јаде, да пие и да се весели; тоа го придружува човекот во трудовите него­ви преку дните на животот негов, што му го дал Бог на земјата.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Проповедник 8:1-15

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност