Подобар е добар глас, отколку скапоцено масло, и смртниот ден – од родениот ден. Подобро е да одиш во куќа каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во куќа, каде што има веселби и гозби, зашто таков е крајот на секој човек, и живиот ќе го приложи тоа кон срцето свое. Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро. На умните срцето им е во куќата, каде што плачат, а на безумните во куќа, каде што се веселат. Подобро е да слушаш прекор од мудар, отколку да слушаш пофалби од глупав; зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета!
Прочитај Проповедник 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 7:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа