Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити. А каква предност има умниот пред безумниот, каква – сиромавиот, кој умее да се однесува пред луѓето? Подобро е да гледаш со очи, отколку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот. Она што постои, тоа е веќе наречено со име, и се знае дека е тоа – човекот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него. Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е подобро за човекот? Зашто, кој знае што е добро за човекот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ќе му каже на човекот, што ќе стане по него на земјата?
Прочитај Проповедник 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 6:7-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа