Се свртев и ги видов сите неправди, што стануваат под сонцето; и ете, солзите на онеправданите, и утешител немаат; силата е во рацете на угнетувачите, а закрилник нема. Па си реков: блазе им на умрените, што умреле одамна, отколку на живите, што живеат досега; а поблажен е и од едните и од другите оној, што уште не постои, кој не ги видел лошите работи, што се вршат на земјата. А видов исто дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето заемна завист. Но и тоа е суета и мака за духот. Глупавиот седи со скрстени раце и го гризе своето сопствено тело. Подобро една шепа во мир, отколку две со труд и мака во духот.
Прочитај Проповедник 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 4:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа