И уште видов под сонцето: наместо закон – беззаконие; наместо правда – неправда. И си реков во срцето свое: „Праведниот и безбожниот Бог ќе ги суди, бидејќи таму има време за секоја работа и суд за секое дело.“ Си реков во срцето свое и за синовите човечки – дека Бог ќе ги испита, и ќе им покаже дека тие сами по себе се животни, зашто сѐ што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сѐ е суета! Сѐ оди на едно место: сѐ произлегува од земјата, и сѐ ќе се врати во земјата. Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата? И така, јас видов дека нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејќи тоа е негов дел; зашто, кој ќе го доведе после да го погледа она, што ќе биде по него?
Прочитај Проповедник 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 3:16-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа