Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел на земјата, зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо! Зашто, што му останува на човекот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди на земјата? Бидејќи сите денови му се мачни, а трудовите негови – неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета!
Прочитај Проповедник 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 2:20-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа