Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 2:18-26

Проповедник 2:18-26 MK2006

И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што тре­ба да го оставам на човек, што ќе дојде по мене. И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мудар на земјата. Но и тоа е суета! Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел на земјата, зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо! Зашто, што му останува на чове­кот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди на земјата? Бидејќи сите денови му се мачни, а трудовите негови – неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета! И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов дека и тоа е од Божјата рака; зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога? Тој му дава мудрост, и разум и ра­дост на човекот, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност