Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 2:1-11

Проповедник 2:1-11 MK2006

Си реков во срцето свое: „Ајде ќе те испитам во веселба: уживај во наслади!“ Но ете, и тоа беше суета! За смеата реков – глупост е, а за веселбата: каква полза од неа? Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста сѐ додека да видам, што е подобро за синовите чо­вечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови од својот живот. Презедов големи работи: си изгра­див куќи, си насадив лозја, си уредив градини и овоштарници и посадив таму секакви овошни дрвја; си направив водостои за поливање на овошните дрвја; придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеќе од сите, што беа пред мене во Ерусалим; насобрав сребро и злато и скапо­цености од цареви и области; си доведов пејачи и пејачки и тоа, што ги насладува синовите човечки – многу жени. И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Еру­салим; а и мудроста моја остана со мене. Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забранував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше награда за сите мои трудови. И се обѕрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете – сѐ беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза на земјата!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност