Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 1:2-10

Проповедник 1:2-10 MK2006

Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите – сѐ е суета! Каква е ползата за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето? Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата останува засекогаш. Сонцето изгрева и заоѓа, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева. Ветрот вее кон југ и се врти кон се­вер, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг. Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се вра­ќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново. Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша. Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето. И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност