Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 1:12-18

Проповедник 1:12-18 MK2006

Јас, проповедник, бев цар над Изра­ел во Ерусалим; и го управив срцето свое да истра­жува и да испитува преку муд­роста сѐ, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите чо­вечки, за да се занимаваат со неа. Ги видов сите работи, што се вр­шат на земјата, и ете – сѐ е суета и мака за духот. Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои. Си велев во срцето свое: „Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеќе од сите, што беа пред мене над Еру­салим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење.“ И го насочив срцето свое да ја по­знае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав дека и тоа е мачно за духот; зашто при големата мудрост голема е и тагата, и кој умножува знаење, умножува и мака.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност