И Господ ги чу вашите зборови, како разговаравте со мене, и ми рече Господ: ‚Ги чув зборовите на твојот народ, кој ти говореше; сѐ што рекоа, е добро. О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ќе им беше добро ним и на синовите нивни во веки!‘ Оди и кажи им: ‚Вратете се во домовите ваши!‘ а ти остани тука со Мене, и Јас ќе ти ги кажам сите заповеди, наредби и закони, на кои треба да ги научиш, за да постапуваат така во онаа земја, што им ја давам во наследство.“ Гледајте да постапувате така, како што ви заповеда Господ, вашиот Бог, не скршнувајте ни десно, ни лево; одете по патот, по кој ви заповеда Господ, вашиот Бог, за да бидете живи и да ви биде добро и да поживеете долго време во онаа земја, што ќе ја добиете во наследство.
Прочитај Повторени закони 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 5:28-33
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа