Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 4:25-31

Повторени закони 4:25-31 MK2006

Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, ќе почнете да вршите беззаконија и направите каков-годе резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господ, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите. Денес, еве, ги повикувам за сведоци небото и земјата дека наскоро ќе ја из­губите оваа земја, во која одите да ја наследите од онаа страна на Јордан; нема да останете во неа долго, ами ќе загинете. И ќе ве распрсне Господ меѓу народите, и ќе станете малубројни меѓу на­ро­дите, кај кои ќе ве одведе Господ; и таму ќе им служите на нивните богови, што рака човечка ги направила од дрво и од камен, кои не гледаат и не слушаат, не јадат, и не мирисаат. Но таму кога ќе Го побарате Гос­пода, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако Го побарате од сѐ срце и со целата своја душа. Кога ќе западнеш во тага, и кога сето тоа со време ќе те снајде, ти ќе Му се обратиш на Господ, твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас. Господ, твојот Бог, е Бог милосрден; Тој нема да те остави, нема да те погуби и нема да го заборави заветот со твоите предци, кој со заклетва им го потврдил.