Нема друг Бог како твојот Бог, Јешуруне! Кој се пронесува по небото, тебе на помош, и со великолепие на облаците. Единиот Бог е твое прибежиште, а вечните Негови раце се твоја поткрепа. Тој го прогонува непријателот пред тебе и ти вели: ‚истребувај!‘ Израел живее во спокој, потомците на Јаков се сместија во засолниште, во земја изобилна со жито и вино, каде небото праќа роса. Блажен си ти, Израеле! Кој е како тебе, народ пазен од Господ, Кој ти е штит – закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели ќе бараат милост од тебе, а ти ќе ја газиш гордоста нивна.“
Прочитај Повторени закони 33
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 33:26-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа