И во истиот тој ден му зборуваше Господ на Мојсеј и му рече: „Искачи се на планината Аварим, тоа е планината Нево, во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја хананската земја, што им ја давам на синовите израелски во владение; и умри на планината, на која ќе се искачиш и прибери се при народот свој, како што умре братот твој Арон, на планината Ор, и се прибра при народот свој, затоа што згрешивте против Мене пред очите на синовите израелски кај водите Мерива во Кадис, во пустината Син, зашто не ја почитавте светоста Моја меѓу синовите на Израел; ти само ќе ја видиш земјата, но нема да влезеш таму, – во земјата, што им ја давам на синовите израелски.“
Прочитај Повторени закони 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 32:48-52
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа