Не е ли сето тоа сокриено во Мене? Не е ли запечатено во Моите сокровишта? Моја е одмаздата и моја наградата, кога ќе им се затресе ногата нивна, зашто денот на загинувањето нивно е блиску, брзо ќе настапи подготвеното за нив. Но Господ ќе го оправда Својот народ, и ќе се смили над слугите Свои, кога ќе ги види ослабени, беспомошни и изнемоштени. И ќе рече тогаш Господ: ‚Каде се боговите нивни, каде е карпата зад која се засолнуваа? Каде се оние кои јадеа лој од жртвите нивни и кои пиеја вино од преливите за нив? Камо да воскреснат, па да ви помогнат и да ви бидат заштита? И ете, видете сега дека тоа сум Јас; Јас сум и нема друг Бог, освен Мене: Јас уништувам и Јас оживувам, Јас ранувам и Јас лекувам, и нема таков кој може да избави од раката Моја. Ја кренав кон небото раката Своја и велам: – жив сум довека! Кога ќе го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ќе им се одмаздам на непријателите Мои и ќе им платам на оние што Ме мразат; ќе ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ќе се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови.‘ Величајте го, незнабошци народот негов! Зашто Тој ќе се одмазди за крвта на слугите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, и ќе ја очисти земјата Своја и народот Свој!“
Прочитај Повторени закони 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 32:34-43
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа