Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови – благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ќе ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те расее Господ, твојот Бог, и од сето срце и од сета душа своја ќе се обратиш кон Господ, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, – тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги врати сите твои изгнаници, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите народи, меѓу кои те расеал Господ, твојот Бог. Макар и да бидеш растурен од крајот на небото па сѐ до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе, и оттаму ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите предци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од прадедовците твои
Прочитај Повторени закони 30
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 30:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа