И Му се помолив на Господ во она време, велејќи: „Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, каква што е Твојата? Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна земја преку Јордан, тие убави планински предели и Ливан.“ Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: „Доста, во иднина да не ми говориш повеќе за тоа; искачи се на врвот од Фазга и крени ги очите кон морето и кон север, кон југ и кон исток; погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан; дај му совет на Исус, поткрепи го и охрабри го; зашто тој ќе го предводи овој народ и тој ќе им го раздели наследството во таа земја, на која ти ќе погледнеш.“ И останавме во долината спроти Бет-Пеор.
Прочитај Повторени закони 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 3:23-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа