Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 3:1-11

Повторени закони 3:1-11 MK2006

И се свртевме оттаму и појдовме кон Башан, и башанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, кај Едреи. И ми рече Господ: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него, и целиот народ негов, и целата земја негова; и ти ќе направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон.“ И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот башански, и целиот народ негов; и го разбивме, така што од него не остана никој жив. Тогаш му ги презедовме сите гра­дови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив: шеесет гра­дови, целата област Аргов во царството на Ог Башански. Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, без да го сметаме големиот број села. И ние ги ставивме под клетва, како што направивме со Сихон, царот хеш­бонски, уништувајќи ги сите градови заедно со мажите, жените и децата; а целиот добиток и пленот од градовите го разграбавме. И во тоа време ја презедовме од ра­цете на двајцата цареви аморејски земјата од оваа страна на Јордан, од по­токот Арнон па сѐ до планината Ермон; Сидончаните го викаат Ермон Сирјон, а Аморејците го нарекуваат Се­нир. Сите градови во рамнината, целиот Галаад и целиот Башан до Салеха и Едреи, беа градови од царството на Ог Башански; зашто башанскиот цар Ог беше единствен преживеан од Рефаимците. Ете, неговиот мртовечки сандак сѐ уште може да се види во Рава, главен град на Амонците: железен одар – долг девет лакти, а широк четири лакти, машки лакти.