Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 28:6-13

Повторени закони 28:6-13 MK2006

Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен – кога излегуваш. Господ ќе ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ќе навлезат тие против тебе, а по седум патишта ќе избегаат од пред тебе. Господ ќе ти испрати благослови на твоите житници и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава. Господ, ќе те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал на тебе, ако ги извршуваш заповедите на Господ, твојот Бог, и одиш по патиш­тата Негови. И тогаш ќе видат сите народи на земјата дека името на Господ, ти е дадено на тебе, и ќе се уплашат од тебе. И Господ, ќе ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за која Господ им се беше заколнал на твоите предци дека ќе ти ја даде. И Господ ќе ти го отвори доброто Свое сокровиште – небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ќе им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем. Господ, ќе те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господ, твојот Бог, што ти ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност