И Господ ми рече, велејќи: „Доста одевте околу таа планина, свртете се, пак, кон север. Заповедај му на народот и кажи му: ќе поминете сега низ пределите на вашите браќа, потомците Исавови, кои живеат во Сеир; и тие ќе се исплашат од вас, но вие ќе бидете внимателни: не започнувајте со нив војна. Јас нема да ви дадам од земјата нивна ни една стапка, зашто планината Сеир им ја дадов на потомците Исавови. Храна купувајте од нив со сребро и јадете; и вода купувајте од нив со сребро и пијте; зашто Господ, Бог твој, те благослови во секое твое дело; те чуваше додека патуваше ти по таа голема пустина; ете, четириесет години Господ, Бог твој, е со тебе; ти од ништо не се лишуваше.“
Прочитај Повторени закони 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 2:2-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа