Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 18:15-22

Повторени закони 18:15-22 MK2006

Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, – Него слушајте Го, – бидејќи ти Го молеше Господа, твојот Бог, кај Хорив во денот на собранието, велејќи: „Да не го чујам во иднина гласот на Господ, нашиот Бог, и да не го видам повеќе тој голем оган, за да не умрам.“ И ми рече Господ: „Добро е тоа, што го кажале; Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам; а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе ги говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам. Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.“ Но ќе си речеш во срцето свое: „Како ќе разбереме кои зборови не ги кажал Господ?“ Еве како ќе ги дознаете: ако пророкот говори од името на Господ, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот поради својата дрскост, – не плаши се од него.