Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 14:22-29

Повторени закони 14:22-29 MK2006

Одделувај десеток од секој плод на семињата свои, род од нивите твои секоја година, пред Господ, твојот Бог, во место, што Тој ќе го одбере, за да престојува името Негово; таму јади од десетокот од пченицата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првородените од крупниот и од ситниот твој добиток, за да се научиш да се плашиш од Господ, твојот Бог, во сите денови. Ако, пак, патот твој е долг, така што не ќе можеш да го принесеш тоа, бидејќи далеку е од тебе местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за пребивалиште на името Негово, за да те благослови Господ, твојот Бог, тогаш продај го тоа според цената и земи го среброто во рака и оди на местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог; и со тоа сребро изнакупи таму сѐ, што душата ќе ти посака: волови, овци, вино или друг алкохолен пијалак и сѐ друго што душата ќе ти посака; и јади таму пред Господ, твојот Бог, и развесели се ти и твоите домашни. И левитот, кој е во твојот град, не го изоставај, бидејќи тој нема ни дел ни наследство со тебе. На крајот од секои три години од­дели ги десетоците од сите твои произ­води во текот на последната година и стави го тоа во градовите свои, па нека дојде левитот, бидејќи тој нема дел и наследство со тебе, и придој­дениот, и сиракот, и вдовицата, што се во твоите градови, и нека јадат и нека се наситат за да те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа, што ќе ја вршат рацете твои.