Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 10:12-22

Повторени закони 10:12-22 MK2006

И сега, Израеле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се плашиш од Господ, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господ, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа; да ги пазиш заповедите на Господ, твојот Бог, и наредбите Негови, кои де­нес ти ги заповедам, за да ти биде добро. Ете, небото и небото над небесата, земјата и сѐ што е на неа, е на Господ, твојот Бог; но само предците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нив­ното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес. И така, отстранете ја нечистотијата на вашето срце, и немојте да бидете во иднина тврдоглави; зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови, Кој право суди, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека. Сакајте го и вие придојдениот, би­дејќи и вие самите бевте придојдени во египетската земја. Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него при­врзи се и во Негово име колни се; Тој е твојата пофалба, Тој е твојот Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои; твоите предци дојдоа во Египет седумдесет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како ѕвез­дите небески.