И јас ви реков во она време: „Не можам сам да ве водам; Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвездите небески: Господ, Бог на предците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше! Како ќе ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши? Изберете си од вашите племиња луѓе мудри, разумни и искусни, а јас ќе ви ги поставам за началници.“ Вие ми одговоривте тогаш и рековте: „Тоа што го велиш е добро да го направиме.“ И ги зедов првенците на вашите племиња, мажи мудри и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и за записничари во племињата ваши. И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и им реков: „Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како брат спрема брат, а така постапувајте и со придојдениот кај него. Во судот не правете разлика меѓу луѓето, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од никого, бидејќи судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обратете се до мене, и јас ќе пресудам.“ И во тоа време ви заповедав за сѐ што треба да правите.
Прочитај Повторени закони 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 1:9-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа