Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 1:41-46

Повторени закони 1:41-46 MK2006

Вие одговоривте тогаш и ми рековте: „Згрешивме пред Господ; ќе оди­ме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.“ И вие го опашавте секој своето бојно оружје, па се собравте и се искачивте на планината. Но Господ ми рече – кажи им: „Не одете и не војувајте, зашто Јас нема да бидам меѓу вас, за да не бидете разбиени од непријателите ваши.“ И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Госпо­до­вата заповед и своеволно се искачивте на планината. Тогаш излегоа против вас Амо­рејците, кои живееја по таа планина, и ве прогнаа, како што прават пчелите, и ве разбиваа од Сеир дури до Хорма. Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господ, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша. И останавте во Кадис многу време: колку што бевте таму.