Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 1:19-28

Повторени закони 1:19-28 MK2006

И откако тргнавме од Хорив, одев­ме по целата таа голема и страшна пустина, што ја видовте, по патот кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог; и стигнавме во Кадис-Барнеа. Тогаш јас ви реков: „Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава; ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; одете и земете ја во владение, како што им рече Господ, Бог на вашите предци: не бојте се и не пла­шете се!“ Но вие сите дојдовте при мене и рековте: „Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.“ Ми се свидоа тие зборови, а јас зе­дов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе. Тие тргнаа, се качија на планината, дојдоа до долината Ешкол, и ја разгледаа; па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни донесоа, и нѐ известија, ве­лејќи: „Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.“ Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господ, вашиот Бог, и негодувавте во шаторите свои, велејќи: „Господ, од омраза спрема нас, нѐ изведе од земјата египетска, за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и да нѐ истреби; каде ќе одиме? Нашите браќа нѐ обесхрабрија, велејќи: оној народ е поголем и посилен од нас; таму гра­довите се поголеми и оградени со ѕи­дови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.“