Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 9:20-27

Даниел 9:20-27 MK2006

Додека зборував и се молев и ги исповедав гревовите свои и гревовите на мојот народ Израел и ја принесував молбата своја пред Господ, мојот Бог, за светата гора на мојот Бог, додека ја изговарав молитвата, човекот Гаврил кого го бев видел во по­ранешното видение, долета брзо, се допре до мене во времето на вечерната жртва, ме вразуми, говореше со мене и рече: „Даниеле, сега излегов за да те научам да разбираш. Во почетокот на твоето молење се појави твојот збор и јас дојдов да ти го соопштам, зашто ти си човек сакан; па така, внеси се во зборот и разбери го видението. Седумдесетте седмици се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде крај на престапот, за да му се стави печат на гревот и избри­шани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да им се стави печат на виденијата и пророците и да биде помазан Светиот на светиите. И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазани­кот Божји се седум седмици. Потоа ќе биде обновен Ерусалим со улици и ѕидини, и ќе опстои шеесет и две седмици; а тоа ќе биде тешко време. И по шеесет и двете седмици Пома­заникот ќе биде предаден на смрт не­праведно а градот и светилиштето ќе бидат разрушени од народот на водачот што ќе дојде, и крајот ќе му биде како од поплава, и до крајот на војната ќе има опустошување. И во една седмица ќе склопи завет со мнозина, а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот, а на врвот од светилиштето ќе биде поставен Гнасниот Пустошник, сѐ додека предопределената пустош не го собори Пустошникот.“