Срцето човечко ќе му се одземе и ќе му се даде срце ѕверско и така ќе мине седум години. По заповед на будните како стражари ангели така е определено за да знаат живите дека Севишниот владее над човечките царства и ги дава кому сака и ги поставува над нив најпонизните луѓе!‘ Таков сон видов јас, царот Навуходоносор; а ти Валтазаре, кажи што означува сонот, бидејќи никој од мудреците во моето царство не може да објасни што значи тој, а ти можеш, зашто во тебе е духот на Бога Светецот.“ Тогаш Даниел, наречен Валтазар, остана занесен околу еден час и мислите негови му беа збркани. Царот прв почна да зборува и рече: „Валтазаре, да не те вознемирува овој сон и значењето негово.“ Валтазар одговори и рече: „Господаре мој, овој сон нека биде за твоите завидливци, а значењето негово за твоите непријатели. Дрвото што си го видел кое беше големо и цврсто, и со височината достигало до небесата и се гледало по целата земја
Прочитај Даниел 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Даниел 4:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа